ИнформатичкА ЛадилницА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» Sapphire Radeon HD 5970 4GB Toxic
CSS - I дел и II дел EmptyFri May 07, 2010 7:54 pm by LadiC

» iTunes 9.1.1
CSS - I дел и II дел EmptyFri May 07, 2010 7:51 pm by LadiC

» Нови MSI Radeon картички.
CSS - I дел и II дел EmptyFri Apr 30, 2010 2:42 pm by LadiC

» Acer Aspire One 532G
CSS - I дел и II дел EmptyFri Apr 30, 2010 2:29 pm by LadiC

» Hijackthis 2.0.4
CSS - I дел и II дел EmptyFri Apr 30, 2010 2:25 pm by LadiC

» Продавам HP Deskjet D4260
CSS - I дел и II дел EmptyFri Apr 30, 2010 2:00 pm by LadiC

» Факти за LadiC
CSS - I дел и II дел EmptyThu Oct 22, 2009 11:58 am by LadiC

» Онлајн аларм со YouTube
CSS - I дел и II дел EmptyTue Jul 21, 2009 7:29 pm by LadiC

» Неколку работи кои можете да ги направите со видеата од YouTube
CSS - I дел и II дел EmptyTue Jul 21, 2009 7:00 pm by LadiC

Navigation
 Portal
 Index
 Memberlist
 Profile
 FAQ
 Search
Affiliates
free forum
 

CSS - I дел и II дел

Go down

CSS - I дел и II дел Empty CSS - I дел и II дел

Post  LadiC Mon Feb 02, 2009 2:25 pm

CSS - I дел

CSS е кратенка од Cascading Style Sheets и претставува посебен јазик со кој може да се управува изгледот на HTML страниците од едно место.
Многу пати е подобро HTML сајтот да биде создаден со помош на CSS. Главната улога на CSS е да може да се променува изгледот на повеќе HTML страници со промена на еден фајл, наместо да се променува HTML кодот на сите страници.
Да претпоставиме дека имате еден сајт со 100 страници. Ако користите некој таг како што е за во секоја страна да ја поставувате големината и бојата на буквите, ќе треба во секоја страница да го внесете кодот:
Code:
<font size="10" color="#FFAB22">текст</font>
Откако ќе го завршите сајтот и решите дека вашиот сајт би изгледал поубаво ако буквите се поголеми и се во друга боја, во сите 100 страници ќе треба да го промените кодот за да го добиете посакуваниот ефект. Целата таа работа можете многу побрзо да ја завршите ако направите еден CSS фајл и во него ги сместите сите параметри. Тој фајл треба да го повикате од сите 100 страници додека ги изработувате.
За да направите еден обичен CSS фајл, отворете некој уредувач на текст, например Notepad и во него напишете го следниот код:
Code:
body
{
background-color: #FFFFFF;
font-family: arial, sans-serif, helvetica;
font-size: 12px;
color: #000000
}
Потоа зачувајте го фајлот со наставка .css, например Main.css. Во секоја страница ќе треба да го додадете следниот линк:
Code:
<link rel=stylesheet type="text/css" href="/Main.css" />
Пример:
Code:
  <!DOCTYPE html PUBLIC "-//W3C//DTD XHTML 1.0 Strict//EN"
    "http://www.w3.org/TR/xhtml1/DTD/xhtml1-strict.dtd">

    <html>
    <head>
    <title>Наслов на страницата</title>
    <meta http-equiv=Content-Type content="text/html; charset=windows-1251" />
    <meta name="description" content="Опис на страницата" />
    <meta name="клучни, зборови" />
    <meta name="robots" content="index, follow" />
    <link rel=stylesheet type="text/css" href="/Main.css" />
    </head>

    <body>

    Текст на страницата

    </body>

    </html>
Кога ќе ја отворите страницата таа ќе ги има параметрите кои се поставени во CSS фајлот. Секоја страница каде што ќе го поставите кодот
Code:
<link rel=stylesheet type="text/css" href="/Main.css" />
ќе изгледа исто. Ако сакате да ја промените бојата на текстот ќе треба да направите промена само во CSS фајлот, и тие промени автоматски ќе бидат превземени од сите страници.
Како што можете да видите, во CSS фајлот имињата на елементите кои се задаваат се слични на таговите. Например за да поставите параметри на тагот body тоа треба да го направите вака:
Code:
body {
background-color:#000000;
font-family:arial, sans-serif, helvetica;
font-size:12px;
color:#cccccc
}
Кога CSS се прави во посебен фајл, кој подоцна се повикува со линк, тоа се нарекува надворешен CSS ( External Style Sheet ) и се користи како што беше објаснето погоре. Овој начин се користи кога e потребно изгледот на повеќе страници да се контролира од едно место.
Постои и внатрешно задавање на CSS, т.е. во самиот HTML документ ( Internal Style Sheet ). Овој начин се користи кога изгледот на таа страница треба да биде со други параметри. CSS во овој случај се поставува во head секцијата со посебни тагови и наставки.
Исто така има и CSS параметри кои се поставуваат во одделни делови на HTML страницата( Inline Styles ) и имаат ефект само на тој дел од страницата.
Конкретниот начин како се употребуваат сите овие начини на поставување на CSS ќе бидат опишани подоцна.
Понекогаш може да се користат сите видови на CSS.


Last edited by LadiC on Mon Feb 02, 2009 2:30 pm; edited 1 time in total
LadiC
LadiC
Админ

Male
Number of posts : 279
Age : 41
Location : Скопје
Job/hobbies : ИнформатичкА ТехнологијА
Humor : Цело е кога има се!!!
Registration date : 2009-01-19

http://www.tnt.net.mk

Back to top Go down

CSS - I дел и II дел Empty Re: CSS - I дел и II дел

Post  LadiC Mon Feb 02, 2009 2:27 pm

CSS - II дел

Предходно спомнав дека структурата на еден CSS фајл се состои од името на елементот на кој се задаваат параметрите, например body и после него самите параметри оградени во големи загради.
Секој таг од HTML може да биде поставен во CSS фајлот и да му се поставуваат соодветни параметри. Таговите за кои се поставуваат параметрите се нарекуваат селектори, а кодот во големите загради се состои од наставките и нивните вредности. Синтаксата на CSS кодот е:
Code:
селектор {наставка:вредост}
Во заградите може да се смести една или повеќе наставки заедно со нивните вредности, но притоа тие треба да се одделат со;
Code:
body
{
background-color: #FFFFFF;
font-family: arial, sans-serif, helvetica;
font-size: 12px;
color: #000000
}
Во претходниот пример имаме еден селектор и неговиот код составен од наставките background-color, font-family, font-size и color, а на секоја наставка е доделена и нејзината вредност.
Бидејќи го имаме искористено селекторот body, сите зададени параметри ќе бидат прифатени замо за овој таг од HTML страницата. Ако наместо body ставиме друг таг, например h1 тогаш сите параметри ќе се однесуваат саамо за тој таг.
Code:
h1
{
background-color: #FFFFFF;
font-family: arial, sans-serif, helvetica;
font-size: 12px;
color: #000000
}
LadiC
LadiC
Админ

Male
Number of posts : 279
Age : 41
Location : Скопје
Job/hobbies : ИнформатичкА ТехнологијА
Humor : Цело е кога има се!!!
Registration date : 2009-01-19

http://www.tnt.net.mk

Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum