ИнформатичкА ЛадилницА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» Sapphire Radeon HD 5970 4GB Toxic
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri May 07, 2010 7:54 pm by LadiC

» iTunes 9.1.1
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri May 07, 2010 7:51 pm by LadiC

» Нови MSI Radeon картички.
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri Apr 30, 2010 2:42 pm by LadiC

» Acer Aspire One 532G
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri Apr 30, 2010 2:29 pm by LadiC

» Hijackthis 2.0.4
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri Apr 30, 2010 2:25 pm by LadiC

» Продавам HP Deskjet D4260
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyFri Apr 30, 2010 2:00 pm by LadiC

» Факти за LadiC
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyThu Oct 22, 2009 11:58 am by LadiC

» Онлајн аларм со YouTube
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyTue Jul 21, 2009 7:29 pm by LadiC

» Неколку работи кои можете да ги направите со видеата од YouTube
Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? EmptyTue Jul 21, 2009 7:00 pm by LadiC

Navigation
 Portal
 Index
 Memberlist
 Profile
 FAQ
 Search
Affiliates
free forum
 

Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA?

Go down

Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA? Empty Како работи SCSI, ATA, SAS и SATA?

Post  LadiC Tue Feb 10, 2009 6:36 pm

Со години паралелниот интерфејс беше широко искористуван во системот за зачувување на информациите. Потребата за зголемување на брзината и можностите во системот за зачувување на информациите, ги направија SCSI и ATA стандардите како неефикасни. Паралелниот интерфејс е канален кабел кој ги пренесува податоците паралелно — тоа е пренесување на неколку бита истовремено. Скоро сите персонални компјутери се произведуваат со барем еден паралелен интерфејс. Вообичаениот паралелен интерфејс вклучува SCSI и ATA.
SCSI е кратенка од small computer system interface, паралелен интерфејс кој по стандард се користи во Apple Macintosh компјутерите, персоналните компјутери и во многу UNIX системите за прикачување на надворешни уреди. Скоро сите Apple Macintosh computers, исклучувајќи ги само првите Macs и последните iMac, се со SCSI порт за вклучување на уреди како што се хард дискови и принтери. SCSI интерфејсот, нуди брзина на пренос (до 80 мегабајти во секунда). Како додаток можете да приклучите повеќе уреди на еден SCSI порт.
ATA (исто така познат како IDE) е хард дискова изработка каде што контролерот е интегриран на самиот хард диск. ATA се користи за да се поврзат хард дискови, CD-ROM уреди и слични додатоци кои поддржуваат 8/16-bit интерфејс и трансфер до 8.3MB/s за ATA-2 до 100MB/s (ATA-6). Па што има заедничко паралелниот интерфејс со SAS (Serial Attached SCSI) и SATA (Serial ATA)? Тоа се ограничувања во архитектурата на паралелниот интерфејс за разлика од сериските технологии како SAS и SATA адресирањето. За разлика од паралелниот пренос на податоци, податоците се пренесуваат сериски, во единствено предавање со групирање на повеќе битови во пакети и тоа е возможност за пренос побрзо од паралелната технологија.
Serial Attached SCSI скратено SAS, е развиен од паралелниот SCSI во point-to-point сериски надворешен интерфејс каде што контолерите се сместени директно на хард дискот. SAS има подобри перформанси од SCSI затоа што SAS дозволува повеќе уреди (до 128) со различна големина да бидат поврзани заедно со пoтенки и подолги кабли. full-duplex преносoт на сигнали поддржува 3.0Gb/s.
Serial ATA (SATA) е развиен од Parallel ATA интерфејсот. Serial ATA е сериска врска со еден кабел со минимум 4 жици кои создаваат point-to-point врска помеѓу уредите. Преносот со Serial ATA започнува со 150MB/s. Започнувајќи со SATA, која ги исполнува можностите на ATA и нуди брзина на пренос започнувајќи од 150MB/s и после неколку години разработка стана главен интерфејс. Наследникот на SCSI интерфејсот е SAS со брзина до 3Gb/s.
SAS уредите можат да комуницираат и со двата SATA и SCSI уреди (задниот дел на SAS уредите се идентични на SATA). Клучна разлика помеѓу SCSI и SAS уредите е тоа што во SAS уредите има два податочни порта.

Кабли и конектори:
Друга голема предност на SATA за разлика од ATA се каблите и конекторите. Серискиот интерфејс ја намалува потребата од проводници кои се потребни за пренесување на информацијата, со што каблите се помали, полесно се сместуваат и се поврзуваат при вклучувањето на SATA уредите. IDE каблите кои се користат во ATA системите се многу по големи од Serial ATA каблите и најмногу можат да бидат долги 40cm, додека Serial ATA каблите можат да бидат со должина до еден метар. Кога се работи за поврзувањето, ново дизајнираните конектори исто така се користат за да ја намалат интерференцијата помеѓу каблите и се дизајнирани да се вклучуваат лесно и да овозможат полесно да циркулира воздухот.

Придобивките од SAS и SATA:
Серискиот интерфејс нуди поголеми можности отколку стариот паралелен SCSI (со сериска верзија). Овие придобивки вклучуваат подобри перформанси и исто така подобри брзини на пренос. SAS и SATA уредите можат да работат во заедничка околина додека SCSI и ATA не можат.
LadiC
LadiC
Админ

Male
Number of posts : 279
Age : 41
Location : Скопје
Job/hobbies : ИнформатичкА ТехнологијА
Humor : Цело е кога има се!!!
Registration date : 2009-01-19

http://www.tnt.net.mk

Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum